Колку е „квалитетно“ брифирана Антикорупциската комисија во случајот со директниот конфликт на интереси на Дескоска да биде едновремено министер и член на Венецијанската комисија?
Зошто ДКСК при постапувањето по претставката го земала предвид само Статутот на Венецијанската комисија, но не и Процедуралните правила на комисијата (Rules of Procedure) кои се најважни и прецизни правила на постапување и работа на Комисијата?
Да ги имаа предвид овие правила ќе видеа зошто Дескоска не смее да биде едновремено министер и член на Венецијанската комисија.
Во чл. 3а од Правилата насловен како Независност и непристрасност на членовите на Комисијата, во точка 1 прецизно е наведено дека „Членовите треба да делуваат на начин кој е, или кој се смета дека е независен, непристрасен и објективен во однос на секое прашање што е предмет на разгледување од страна на Комисијата.
Во точка 3, од чл. 3а понатаму стои дека „Членовите треба да го информираат претседателот преку секретарот на Комисијата за каков било потенцијален конфликт на интерес, односно каква било околност која би можела да влијае врз неговата/нејзината непристрасност и објективна проценка на кое било прашање кое го разгледува Комисијата, посебно, но не и ограничено во случај на извршување одредена обврска, во случај на одредени исплатени средства или доделени од влада.Во случај ако ваква точка се појави во дневниот ред на Комисијата претседателот на Комисијата, ако тој или таа смета дека станува збор за потенцијален конфликт на интерес, може да и укаже на Комисијата дека членот нема да учествува во гласањето по точката.
Дали ДКСК не знае што значи поимот НЕПРИСТРАСНОСТ?
Дали министерската функција е непристрасна во случајот со Дескоска или напротив, комплетно пристрасна и во секој момент зависна од политиките на Владата?
Како тоа според ДКСК вршење министерска функција нема конфликт на интереси во делот на непристрасноста кога се знае дека 90% од прашањата/законите што се испраќаат на мислење до Комисијата доаѓаат токму од ресорот правда каде министерува токму Дескоска?
Дали министерката кога ќе дојдат точки на дневен ред од нејзината влада постојано ќе се оградува од владините политики иако таа седи во владата, активно работи во неа и се јавува како предлагач на законите што ги испраќа на мислење до Венецијанската комисија?
Кој и зошто упорно ја манипулира јавноста со небулози и кој ќе одговара за неодговорноста на институциите?