Министерот за правда Бојан Маричиќ, од Брисел најави дека ќе се дигитализираат над 100 судови во земјата. Реформите во правосудството биле во фокусот на разговорите што денеска во Брисел ги имал министерот за правда Бојан Маричиќ со европратеникот и претседавач на ЛИБЕ Комитетот, Хуан Фернардо Лопе Агулар и хрватскиот европратеник Тони Пицула.
Маричиќ ги потенцираше реформите во судството со фокус на проектот за дигитализацијата на судовите, процес на кој Министерството за правда интензивно работи, а ќе резултира со над 100 дигитализирани судници, што ќе претставува огромен технолошко-информатички скок и модернизација. Тоа ќе придонесе за побрзи и поефикасни судски постапки, а правдата ќе може непречено да биде испорачана и при услови на пандемија, а со тоа ќе се заштити и здравјето на сите вклучени со процесите.
Изминаа пет години од ветувањата на власта предводена од СДСМ за прочистување, реформи и дигитализација на судството. Недостаток на реформи во судството, недоверба во институциите, и широка распространетост на корупција. Поради сето ова константно опаѓа довербата на граѓаните во институците.
Според сите анкети и извештааи граѓаните се помалку имаа доверба во судството обвинителството и правосудните органи во Македонија. Неспособноста на власта предводена од премиерот Зоран Заев и СДСМ во изминатите неколку месеци се покажа на дело.
Во земјава не може да профукционира обична веб страна како што беше случај и со добитниците на ваучери, платежни картички, веб страната за регистрацијата за вакцинација, на министерката Мила Цароввска и падна платформата за он лајн учење, имаше проблеми со апликацијата за попис… Ова се само дел од проблемите со кои се соочија властите при спроведување на дигиталните технологии.
Се поставува прашањето колку е способна власта да спроведе еден таков обемен процес каков што е дигитализација на судството.