Поради зголемена фреквенција на возила, на Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот во пладневниот извештај.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози и дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Потсетува и дека поради асфалтирање, до 12 септември е во прекин сообраќајот на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица, само во работни денови помеѓу 9 и 15:30 часот.