среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колони возила на „Богородица“ и „Табановце“, чекање околу 45 минути

Колони возила на „Богородица“ и „Табановце“, чекање околу 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести