четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна: Голготата и геноцидот врз Македонците не престанува

Колумна: Голготата и геноцидот врз Македонците не престанува

Колумна на  м-р Соња Цветковска

Да се биде Македонец, значи да се знае, да се сака и брани Македонија, и македонското во неа, така што знаеле да ја сакаат и да ја бранат нашите славни дејци и војводи.

Каква е оваа СУДБИНА што ја преживува мојот народ, низ вековите и денес? До кога ќе тажи македонската мајка за своите синови и ќерки? Кому сè уште ќе му даваме отчет и себедокажување за она, што сме? Но ние знаеме дека Македонија ни е и љубов и судба, и болка и очај, и неопходност и тага, и лулка и гроб. Македонија ни е сè!!! Каде се универзалните принципи и права на самоопределување? До кога ќе ја чувствуваме деструктивната енергија на балканското општество? Но, едно знам, дека голготата и геноцидот врз мојот народ, не престанал, и не останал во ИСТОРИЈАТА,  тука е, денес, околу нас, во нашето опкружување, изрежирано и потпомогнато од разно-разни олигарси, високо котирани изроди, сегашни и бивши премиери и „специјалци”. И толку се ,,сплотени“ што чинам дека оркестирано делуваат со гласноговорниците од Истокот. И се чини, пуштени се на првата „борбена линија” разнебитувачи, кои и немаат што да „изгубат” оти се длабоко навлезени во криминал и корупција, амнестирани, или што уште не.  Но, како и да е, затоа се тука безбројните факти од нашата историографија кои сведочат за историската  вистина, но и РАЗУМОТ на 21 век.

Да не се гиба, да не се прават интриги и фалсификати врз македонската национална историја, затоа што таа експлицитно му припаѓа само нему!!! И секојпат е за добредојде евоцирање, мемоирање и за да не се заборави, и да се пренесува и овековечува. Впрочем и оттаму се тенденциите на постојано потсетување за минатото, да се спречат или барем неутрализираат противдржавните дејанија на домашната политичка ,,елита”.

Многупати за жал, е констатирано дека, на македонското национално и револуционерно движење му се оспорува автохтоноста, уште од самата негова појава. Тоа го правеле и го прават тие што си го присвоиле правото, народот и земјата македонска да ги прогласуваат за дел од својата нација, односно за дел од својата национална територија. Иако истите имале време низ вековите да се наречат Македонци, доколку БИЛЕ, а не се, и од таа позиција ние вчера, денес и утре, меѓусебно да се докажуваме кој го има правото на оваа свето библиско ИМЕ, етнички, историски, географски… Македонците се автетичен и автохтон народ, домородно население, признаено во регионалната, европската и светската историја. Народ со посебен јазик, историја, култура, горделив народ, што секојпат низ историјата испишувал само одбранбена и мирољубива политика. Низ вековите предците го негувале, се бореле и го штителе македонскиот идентитет, никако поинаку. Да имало и тронка сомнеж во тоа истите ќе поитале да се зближат и припојат кон „браќата” од ИСТОКОТ, а не, спротивното,  да не „повикуваат”, да се „ОСВЕСТИМЕ”, сме биле во ,,ЗАБЛУДА”.

Колку голем шовинизам, однадвор, но и колку голем фашизам одвнатре!!! И затоа, да не се заборави… ,,Македонија, осветена од апостол Павле, облогородена од дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, обединета од славниот цар Самуил, бранета од храбриот Добромир Хрс, обесмртена од Марко Крале, облеана од крвта од милиони маченици за слобода“ (Димитрија Чуповски).  Потсетуваме на славното минато, на Разловечкото востание 1876 година, на Македонското (Кресненското) востание, како прва помасовна македонска револуционерна ослободителна пројава во 19 век, која доаѓа во остар конфликт со владејачките кругови на само што ослободената Бугарија (Берлинскиот конгрес 1878).

Слободата на Македонија се сфаќала како сопствена слобода и таа не се барала во границите на соседните држави, како единствено можно решение, како што сакале да претстават во соседството. Првото политичко убиство на Македонија се прави со Сан-Стефанскиот мировен договор од 1878 година, а кој за среќа останал на лист хартија во тримесечен интервал, но за наша жал и сечија несреќа (на слободољубивиот свет) останал во главите на големобугарската политика. Со посебен восхит и пиетет спомнуваме за Илинденската епопеја и Крушевската република.

За Илинденското востание кое беше востание на македонскиот народ, без оглед во која црква тој се молеше, во какво училиште учеше и какво име (национално) носеше. И ова историска неправда спрема Македонија кулминира во времето на Балканските војни, каде што македонскиот народ зема масовно учество за конечно ослободување и создавање автономна држава, но сепак беше поделен, во 1913 година со Букурешкиот мировен договор (Споменатиот договор претставува единствен меѓународен договор што не го потпишале големите сили и истиот бил во спротивност на нивните интереси). Инаку интересен е историскиот факт, на само седум месеци пред неговото потпишување, на 1 март 1913 година, претставниците на Македонската колонија во Петроград, Георги Констатиновиќ, Димитрија Чуповски, Наце Димов и Александар Везенков потпишале Меморандум за независност на Македонија, кој бил предаден на амбасадорите на големите сили во Лондон. Истовремено со Меморандумот изработиле и карта на Македонија со сите специфичности и атрибути на посебноста на македонскиот народ, и пред сè, ја аргументирале потребата од создавањето на самостојна Македонија.

Македонската ГОЛГОТА продолжува и по Првата светска војна, регрутиран во три различни војски, во народот не залудно познато и воспевано нивното јунаштво, но и трагедијата на македонските браќа да се наоѓаат на две спротивставени страни. По завршување на војната и потпишувањето на Нејскиот мировен договор од 1919 година, сo „доброволна” размена на населението повторно имаме присилно раселување на македонското население. Да, ова е вистината, за Македонија и Македонците, секојпат низ историјата насилно иселувани од родните огништа, по граѓанската војна во Грција 1946-49 година, бил извршен редок егзодус во историјата на човештвото воопшто,  илјадници и илјадници Македонци раселени низ целиот свет. И затоа, велам, повеќе Македонци за жал, живеат надвор од својата грутка земја, секаде во светот признаени, освен во потесното соседство. И патем, да споменам и за херојството и борбеноста на нашите многубројни Македонци во антифашистичката коалиција во Втората светска војна, кои дадоа огромен придонес и следствено на тоа, успеаја да формираат своја федеративна република во рамките на некогашната СФРЈ. И притоа мислејќи на сите нејзини позитивности и мани (СФРЈ), но никако, и на тоа, дека е споредлива со некој друг европски политички субјект. И некако, обвинувањата на политичката елита од истокот, не се совпаѓаат со деценискиот репресивен период во времето на Тодор Живков во Бугарија, каде што истата беше претворена како еден голем логор, репресирајќи ги сите прогресивни елементи, тука страдаа освен Македонците и прогресивните Бугари. И никој таму, не верувам дека прави споредба со Западот.

Историјата не заборава, историјата помни, запишува и овековечува!!! Да, и така е, и НИЕ секогаш велиме и се прашуваме со години и години наназад, како може во 21 век да не се признава правото на самоопределување? Како може? Чудна е филозофијата на луѓето денес, поставуваат прашања, на кои и самите тие не дале, соодветен одговор! И еве, конечно, а каде е реципроцитетот? И тука да се огледа грижата за националните малцинста, а да не споменуваме и за веќе донесенети пресуди во Стразбур. Па, нели, живееме во 21 век!!!

И на крајот, на сите добронамерници им посакуваме поопстојно и трпеливо, да дејствуваат внатре, да го спречиме геноцидот што систематски го врши оваа стотици пати изречено, ненародна, хибридна власт. На која, за среќа и се гледа КРАЈОТ, народот си доаѓа по своето!!!

Најнови вести