четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Ана Дукоска: Има ли Македонци надвор од границите на Македонија?

Колумна на Ана Дукоска: Има ли Македонци надвор од границите на Македонија?

Македонија има две “институции“ кои треба да го градат мостот помеѓу татковината и иселениците. Министерот без ресор и Агенцијата за иселеништво. Индиректно, има влијание и Министерството за надворешни работи преку амбасадите и конзуларните преставништва. Впечатокот за нивната работа во последните 3 години е дека не продолжи со изградбата на мостот, ами го урива и она што колку толку беше изградено.

Министерот без ресор, задолжен за дијаспора, низ својот мандат организира средби со одбрани здруженија и граѓани по свој терк, поголемиот дел секако иселеници од албанската етничка заедница или пак новосоздадените така наречени елитни “поинакви“ иселеници. Министерот без ресор изготви и спроведува национална стратегија, во чие создавање повторно ги вклучи само своите истомисленици. Резултатите од националната стратегија, сè уште ги очекуваме, а мандатот веќе и му истекува.

Агенцијата за иселеништво, најчесто го испраќа на средби со иселениците заменикот директор, кој пак се среќава со иселениците од албанската етничка заедница. За останатите заинтересирани за средба, треба да му пишат порака на вибер и доколку е заинтересиран ќе ви закаже. Шукриу, за време на посетите во Австралија, присуствуваше на настан каде беше кренато Албанското знаме; за време на посетите во Америка, организира собири од приватен карактер по бурекџилници, повторно со иселениците од албансата етничка заедница. Откако го променија името на летната школа по Македонски јазик, во летна школа по мајчин јазик, агенцијата изготвува и апликација за изучување на мајчин јазик, со што ги изедначува јазикот на кој говори мнозинството со јазикот на кој говори малцинството во Македонија.

Амбасадори и конзули или нема на клучните места од огромно значење за меѓународни релации, или повеќето се Албанци кои едноставно не ве разбираат кога им се обраќате на Македонски јазик.

Затоа прашувам: Има ли Македонци надвор од границите на Македонија? Има ли некој во Македонија кој е заинтересиран да соработува со Македонците надвор од границите на Македонија?

Ана Дукоска
Глобален координатор
Ние Сме Македонија

Најнови вести