петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колумна на Горан Минчев: NO PASARAN

Колумна на Горан Минчев: NO PASARAN

-Август, 1903 година, Крушево, Илинденско востание и создавање на Крушевската република. Прва слободна македонска територија со воспоставена востаничка власт, под раководство на Никола Карев.

-Октомври, 1941 година,  Прилеп и Куманово. Започнува Народното востание на македонскиот народ против бугарскиот фашистички окупатор, предводено од првите партизански одреди.

-Јануари, 1943 година, Скопје. По пет дневно ѕверско мачење од бугарската полиција биле убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур, а потоа биле фрлени низ прозор, за да се исценира самоубиство.

-Јуни, 1943 година Скопје, село Ваташа, Кавадаречко, од страна на бугарскиот фашистички окупатор брутално се убиени 12 младинци-скоевци, кои кришум им помагале на партизаните.

-Март, 1943 година, Скопје. Депортирани се над 7000 Евреи од Македонија во концентрациониот логор Треблинка во Полска, по предходно потпишан договор помеѓу Адолф Хитлер и  Царството Бугарија

-Август, 1944 година, манастир Прохор Пчински, прво заседание на АСНОМ каде се поставени темелите на македонската држава.

Ова се дел од настаните од поновата македонска историја запишани во многу светски енциклопедии и изучувани на многу европски универзитети. Настани, кои го потврдуваат вековниот стремеж на македонскиот народ за формирање на своја самостојна и независна држава, длабоко врежани во битието и душата на секој Македонец.

-Јуни/Јули 2022 година, Скопје. Француски  старо (нов) рафиниран, модифициран предлог.

Дали овој предлог ќе ги избрише сите предходно наведени историски настани?

Дали во учебниците на нашите поколенија ќе се изучува некоја нова рафинирана, модифицирана историја?

Дали Илинденското востание ќе стане Преображенско бугарско востание? Дали Гоце Делчев ќе стане бугарски јунак кој работел за бугарските, а не за македонските национални интереси?  Дали македонското Народното востание во Прилеп и Куманово ќе стане терористички напад врз бугарската администрација? Дали убиствата на македонските народни херои Страшо, Мирче, Кузман ќе станат убиства на терористи? Како ќе се изучува погубувањето на 12-те млади –скоевци во Ваташа? Од кого е извршена депортација на македонските Евреи во злогласниот логор во Треблинка? Дали првото заседание на АСНОМ ќе исчезне од македонските учебници? Дали ќе биде зачуван Македонскиот јазик или ќе стане бугарски дијалект?

Ова се прашања и дилеми кои се предмет на дискусија во изминатиов период откако на маса е ставен францускиот предлог.

Јасно и гласно сакам да го искажам мојот став во врска со овој предлог. За мене предложениот француски предлог е крајно понижувачки и неприфатлив.

Прифаќањето на овој договор претставува самоукинување на македонската нација, поништување на македонската историја, откажување од македонскиот јазик, со еден збор велепредавство на македонската држава.

Ова не е договор за почеток на преговори за влез во ЕУ, ова е договор за долгогодишна стагнација и блокада на нашата стратешка цел да се приклучиме кон евроското семејство таму каде што ни е  местото и каде што географски и цивилизациски припаѓаме. Се сметам за прозападно ориентиран човек, подржувач  на  социјалдемократска идеологија и европските вредности.

целата колумна прочитајте ја ТУКА

Најнови вести