Командирот на Полициска станица- Ново Село, Г.С. од страна на внатрешна контрола при СВР Струмица, пред три дена во работно време околу 13:00 часот е затекнат во видно алкохолизирана состојба во угостителски објект во Ново Село.
Истиот го одбил барањето од органите на внатрешна контрола да биде алкотестиран и ги игнорирал повиците на старешините да се јави на алко-тест.
До сега, за истото лице се пристигнати бројни поплаки од страна на граѓаните заради недолично однесување и конзумирање алкохол во работно време.
Случајот е нотиран од страна на внатрешна контрола, на ред е МВР да изрече санкции.