Драмски театар Скопје на 28 октомври ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот Марин Бабиќ.
Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години.
Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век.
Комеморацијата ќе започне во 12:00 часот, информираат од театарот.