Комеморација во чест на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов (03.02.1936 – 25.01.2022) денеска ќе се одржи во фоајето на Националната опера и балет.
Организатор на комеморацијата е Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ и МРТ. Џамбазов ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во 12 часот.
Александар Џамбазов почина на 25 јануари 2022 година на 85-годишна возраст. Тој беше истакнат македонски композитор, диригент, општествен деец, долгогодишен член на СОКОМ, еден од втемелувачите на македонската популарна и детска музика.
Неговата уметничка сестраност и многуслојна дарба ја манифестирал не само занимавајќи се со многу уметнички дисциплини, туку и протегајќи го своето творештво во сите музички жанри, вклучувајќи ја и класичната музика.