Кочо Анѓушев експресно се наплати за изградбата на модуларните болници, ова денеска преку коментар на денот го истакнува Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
-Додека бизнисте на граѓаните трпат и чекаат со месеци наплата, додека нема поврат на ДДВ, велешката „Брако“ на Кочо Анѓушев експресно наплатила 3.62 милиони евра. Имено вкупната вредност на договорот за изградбата на модуларните болници која го добила фирмата на Анѓушев е 4.5 милиони евра, а Анѓушев до сега се наплатил со префрлање на пари од посебна сметка на Министерството за труд и социјална политика во износ од 3.62 милиони евра. Се уште не се завршени сите модуларни болници, односно активности се во тек на болниците во Ресен и Тетово, но Анѓушев веќе наплатил 3.62 милиони евра, вели Лефков.
Тој додава дека владата да одговори дали ваквата брза наплата е пракса или станува збор за исклучок. Се сомневаме дека е исклучок, и дека Анѓушев се наплатил на најбрз можен начин.