„Како се ангажира помошна механизација-автодигалки во РЕК Битола?
Поминаа четири години откако сегашното раководство на СДСМ ја поништи објавената јавна набавка бр 01-54/2016 од ВМРО-ДПМНЕ за набавка на помошна механизација за РЕК Битола, а нова механизација сеуште не е набавена. Меѓу таа механизација имаше и набавка на нови автодигалки. Затоа во изминативе четири години наголемо се трошат пари за ангажирање на помошна механизација од приватни компании блиски до СДСМ и се исцрпува финансиски АД ЕСМ.
Досега објавените јавни набавки беа исклучиво за ангажирање на помошна мегханизација од приватни компании, додека набавките за поправка на сопствената постојна механизација по правило се неуспешни. Дел од набавките за помошна механизација се склучувани без објава на јавна набавка со директно преговарање. Механизацијата е од суштинско значење за процесот на работа на Рудниците и без неа самиот процес за ископ на јаглен се доведува во прашање.
Еден клучен проблем кој што веќе 4 години не е решен е во делот за автодигалки. Автодигалките се од клучно значење за изведување на капиталните ремотни на рударските постројки и за секојдневното одржување на БТО системите во двата рудници во РЕК Битола.
За процесот на работа да не трпи, во повеќе наврати се ангажираат автодигалки од надворешни фирми, чии договори се со огромен износ и тие се искористуваат за многу кратко време (за околу 1 месец). Моментално нема договор за ангажирање на автодигалка, а сопствените се неисправни. Последен договор е склучен со јавна набавка бр 6230/2019 – со која се склучиле договори со две компании на 4.12.2019 година кои со анекс од 15.10.2020 се изменети со зголемување на нивната вредност. Тие договори завршија на 4.12.2020 година и од тогаш АД ЕСМ нема активен договор ниту можност за користење на автодигалки.
Вредно е да се напомене дека со овие договори се потрошени вкупно 16.800.000 денари или 273.000 ЕВРА. Со овие средства АД ЕСМ можеше да купи нова најсовремена автодигалка од 30 тони. Но, парите отидоа на приватни сметки, а ЕСМ пак нема сопствена автодигалка.
Поради застареноста на возниот парк на автодигалки веќе подолго време ПЕ Рудници е без автодигалки и тие што некако се користат понекогаш се и без соодветна употребна дозвола и понекогаш се употребуваат со повеќе дефекти. За ревитализација на сопствените автодигалки има објавена јавна набавка бр 19760/2020 но нема склучено ниеден договор. Во ПЕ Рудници веќе втор месец нема договор за ангажирање на автодигалки, а сепак во неколку наврати се ангажираат автодигалки од надворешни фирми.
Како и по кој договор се ангажирани истите? Доколку постои договор автодигалката потребно е 24 часа да биде на располагање и да е во кругот на на ПЕ Рудници.
Како им се запишуваат и пресметуваат ангажираните саати? Се знае дека одговорните лица по чие барање се ангажира не водат и потпишуваат записници за ангажираните саати. А предходно се потпишувале и воделе такви записници за истата работа. Дали тие записници ги потпишуваат лица кои воопшто и немаат допирни точки со ангажираноста на автодигалките?
Како и сé друго во државава, така и ова е оставено на паушални ангажмани и моментални одлуки. Тоа е всушност заштитниот знак на владеењето на СДСМ во овие 4 години!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ“
Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ