ДАЛИ НОЌНИТЕ ВИШОЦИ НА ЕЛЕМ „ГИ ПРАЗНАТ“ И ХИДРОАКУМУЛАЦИИТЕ?, ова денеска преку статус на Фејсбук го прашуваат од Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во изминатиот период информиравме за криминалната продажба на “вишоците” на електрична енергија во ноќните часови од страна на АД ЕЛЕМ/ЕСМ, односно за ниската цена по која тие се продаваат во однос на цената на струјата на HUPX берзата.
На сето тоа, Васко Ковачевски се обиде со работничко одело и табла да ни каже како се создавале вишоци и зошто ги продавале.
Но, за возврат ние да му објасниме на Васко Ковачевски како се создаваат вишоци на електрична енергија во ноќните часови.
Поради нискиот конзум на електрична енергија во ноќните часови, понекогаш понизок и од техничкиот минимум за производство на РЕК Битола, се јавува вишок на произведена електрична енергија.
Според сета енергетска логика вакви вишоци не се создаваат од големите хидроцентрали сопственост на АД ЕЛЕМ, туку само од термоцентарлите.
Но, дали е тоа навистина така?
Од табелата на сликата јасно се гледа дека во периодот на продажба на “вишоците” биле вклучувани и хидроелектраните што е недозволиво во состојба кога целото стопанство се бори со превисоки сметки за електрична енергија.
САМО НА 6.8.2022 ОД 3 ДО 7 ЧАСОТ НАУТРО ТИЕ РАБОТЕЛЕ СО 636 MW, А НА 18.8.2022 СО 326 MW.
Значи “вишокот” на електрична енергија на Васко Ковачевски не е произведен само од РЕК Битола, туку дел од овие “вишоци” се и од производството на хидроелектраните. Со оваа постапка намерно се празнат хидроакумулациите, со што свесно се влошува и онака лошата енергетската сотојба на македонското електростопанство.
Дали Васко Ковачевски и СДСМ се неспособни да го менаџираат АД ЕЛЕМ/ЕСМ или намерно се создаваат “вишоци” на електрична енергија дури и од хидроелектраните само за криминал и лично богатење на сметка на народот?!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.