четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо напредок и развој, СДСМ во Прилеп испорачаа неработа, корупција и поскапи сметки за вода

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Наместо напредок и развој, СДСМ во Прилеп испорачаа неработа, корупција и поскапи сметки за вода

Прилеп, како еден од најголемите градови во четвртата изборна единица беше предмет на многу ветувања во предизборните програми на СДСМ, каде се ветуваа голем број на проекти и мерки за подобрување на животот на граѓаните на оваа општина. Како по обичај, СДСМ ветија многу, а не реализираа ништо од ветеното.

За развојот на економијата и стопанството, едно од најгорливите прашања за сите наши граѓани, СДСМ покрај фамозните 500 евра просечна плата, за прилепчани ветија и голем број на локални проекти, како што се отворање на нови фабрики и индустриски зони, целосна гасификација на Прилеп, намалување на сметките за вода за 20 %, изградба на модерен трговски центар на местото на старата општинска зграда и многу други проекти. Овие ветувања СДСМ не само што не ги реализира, туку и цената на водата наместо да ја намали, за зголеми за 50 %.

Од аспект на сообраќајната и комунална инфраструктура, СДСМ повторно беа „дарежливи“ во нивните ветувања, но крајно „тивки“ и „скромни“ во нивната реализација. Како неостварени ветувања во Прилеп останаа изградбата на кружната пристапна улица во Тризла, реконструкција на улицата Прилепски бранители, изградба на нов кружен тек кај автобуската и железничката станица, редефинирање на сообраќајниот режим кај мост Табана во Прилеп, изградба на повеќе мостови на Градска река, покривање на Дабничкиот канал и изградба на мост за моторни возила на Дабничка река, изградба на подземни паркинзи и гаражи, изградба на водоводи и канализации во повеќе населени места, изградба на пречистителна станица во с. Тополчани, санација на депонијата Алинци и изградба на регионална депонија, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје, изградба на фабрика за рециклирање на неорганиски отпад и многу други проекти.

Неостварени останаа и бројните ветувања на СДСМ од областа на културата и спортот, каде пред изборите ветуваа изградбата на нов театар, поголем број на градинки и училишта, спортски сали и игралишта и нов здравствено-рекреативен центар со покриен базен (сала Македонија), затворен пазар со деловен простор, реконструкција на старата градска чаршија и фасадите на објектите, изградба на велосипедски и трим патеки на повеќе локации, изградба на Музеј “Градска”-Прилепска куќа, изградба на градски стадион по европски стандарди, голем број на паркови и детски игралишта, термо фасади за повеќе објекти и много други ветувања. И повторно, СДСМ ветија и излажаа.

На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија.

#ОдбериОбнова

#ОбноваНаМакедонија

14

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести