четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Ова што се случува во МЕПСО е најголем доказ кога СДСМ е на власт важи поговорката: „се што ќе фатат, ќе исушат“

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Ова што се случува во МЕПСО е најголем доказ кога СДСМ е на власт важи поговорката: „се што ќе фатат, ќе исушат“

СẺ ШТО ФАТИЈА, УНИШТИЈА!
Во текот на вчерашниот ден на порталот „Фактор“осамна напис:
„АД МЕПСО ја заврши 2020 со загуба од 6 милиони евра, се очекува ново поскапување на струјата?“
Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на АД МЕПСО, тоа беше една од компаниите кои најдобро работеа на македонскиот енергетски пазар. Доказ за тоа е податокот дека во завршната сметка за фискалната 2016 година, компанијата имаше добивка од над 2,5 милиони евра.
За неполни четири години раководството формирано од сегашната позиција на власт СДС и ДУИ, направиле загуба од 8,5 милиони евра, од кои за 2020 година се 6 милиони евра, како што наведува порталот.
Како за само четири години владеење на оваа Влада се остварила неколкукратно поголема загуба? Како е можно компанија како МЕПСО која е во државна сопсвеност и врши регулирана дејност да стане ваков загубар?
До доаѓањето на новото раководство формирано од сегашната позиција на власт ( СДС и ДУИ ) АД МЕПСО беше крајно општествено одговорна компанија која одвојуваше дури и по 1 милион евра на име на донации. Исто така во времето на ВМРО-ДПМНЕ компанијата беше меѓу петте најуспешни компании во Република Македонија, по висина на издвоени финансиски средства на име на ДДВ.
Интересен е фактот дека за 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ , во МЕПСО беа примени само 130 нововработени лица. За жал, во последните 4 години на владеење на СДС и ДУИ во АД МЕПСО се примени повеќе од 200 нововработени.
Дали причината за ваквата состојба лежи во расипничкото однесување на СДСМ и ДУИ со државните ресурси? Или пак можеби незнаењето и немањето интерес правилно да се менаџира државниот капитал? Но, едно е јасно! Штом и компаниите од типот на МЕПСО кои имаат регулирана дејност ги пропаднаа, што останува за оние на слободниот пазар.
Ова што се случува во МЕПСО е најголем доказ кога СДСМ е на власт важи поговорката: „ се што ќе фатат, ќе исушат!“.
За ваквиот крах во енергетиката, а со тоа и во економијата, не може да поминат неказнето. Минатата година имаше зголемување на цената на струјата за 7,4 %, од кои најголем дел беше за МЕПСО. Следното покачување на струјата, доколу се случи, ќе биде „јамка“ околу вратот на Заев и крај на неговото владеење.
Народот тешко дека овој пат ќе му прости!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ

Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести