петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Проектите за Кочани останаа само на хартија

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Проектите за Кочани останаа само на хартија

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку пост на Фејсбук пишуваат дека проектите за Кочани останаа само на хартија.

-ПРОЕКИТЕ ЗА КОЧАНИ ОСТАНАА САМО НА ХАРТИЈА

Бесрамното лажење на СДСМ го има во секоја општина во Македонија, а за да се увериме во тоа потребно е да се потсетиме на сите ветувања кои ги даваа во предизборниот период. Денеска ќе се потсетиме на сите капитални проекти и мерки кои СДСМ ги ветија, а не ги реализираа за жителите на Кочани. Ветувањата за подобар економски развој беа тема за која СДСМ пред граѓаните на Кочани дадоа многу ветувања, а најголемото, како и во најголемиот број на општини, беше проектот за целосна гасификација на општината. Тие ветија дека целиот проект ќе го спроведат до 2018 година, за денеска да нема ништо од реализацијата на овој мега проект. СДСМ во Кочани ветија поголем број на капитални проекти од областа на културата, каде кај најважни можеме да ги издвоиме тие за формирањето на професионален театар, како и изградба на Музеј на град Кочани. СДСМ ветија и изградба на старечки дом во Кочани, но повторно, од овие ветувања до денеска нема ништо остварено. Проекти за развој на областа на спортот и рекреацијата ветија многу, но секако најважен за Кочани и регионот се проектите околу центарот Пониква. За овој центар ветија реконструкции и продолжување на скијачките патеки, формирање на пункт кој ќе дава 24-часовна техничка поддршка во текот на зимската сезона на скијачите, организирање на ноќно скијање, ски натпревари на локално и централно ниво и многу други активности. СДСМ повторно ветија и излажаа. На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ПРОЕКИТЕ ЗА КОЧАНИ ОСТАНАА САМО НА ХАРТИЈА

Бесрамното лажење на СДСМ го има во секоја општина во Македонија, а за да се…

Posted by Комисии на ВМРО-ДПМНЕ on Sunday, June 28, 2020

Најнови вести