Струга е уште една општина која не беше поштедена од лагите на СДСМ, каде изминативе избори се ветуваа многу проекти за подобар живот и просперитет.
Струга е една од најубавите општини во Македонија во која локалната економија во голема мерка зависи од туризмот, а СДСМ вети многу за зголемување на атрактивноста за посетители, како и поддршка за туристички работници и угостители. Како дел од ветените проекти од оваа област можеме да ги издвоиме тие за изградба на Авто кампот Ливадиште, отворање на современо туристичко инфо-биро, изградба на современ спортско-рекреативен центар и велосипедски патеки, реконструкција на затворениот пливачки базен, изградба на спортска сала Струга, како и реконструкција на повеќе патишта и велосипедски патеки за развој на планинскиот туризам во општината. За жал, реалноста е многу поинаква, каде на терен ниту еден од овие проекти не е ни започнат, а камо ли реализиран.
СДСМ ветуваа и многу проекти за подобрување на сообраќајната и комуналната инфраструктура со цел подобрување на животот на стружани, но и тука целосно потфрлија во реализацијата. Како најважни можеме да ги издвоиме проектот за реконструкција и надградба на пречистителната станица во Враништа со цел спас на езерскиот бисер, изградба на пречистителни станици во поголемите населени места во Струга (Враништа, Драслајца, Мороишта, Мислешево, Ложани, Радожда, Лабуништа, Октиси, Подгорци, Бороец и други), целосна реконструкција на патот с. Подмолје – Струга – Калишта – Радожда, изградба на стационар за кучиња-скитници, изградба на детски паркови и игралишта, многу проекти за изградба на нова водоводна, атмосферска и канализациона мрежа, како и отворање на регионална санитарна депонија со рециклажен центар. Од сите овие проекти ниту еден СДСМ не реализира.
Од лажните ветувања на СДСМ не беше поштедено и образованието, каде беше ветувано изградба на нови градинки во руралните делови на Струга, проширување на капацитетите на постоечките детски градинки, реконструкција на основните училишта и многу други.
Како по обичај, СДСМ ветија многу, а не реализираа ништо од ветеното.
На 15 јули #ОбноватаДоаѓа и доаѓа крајот на најнеуспешната влада во историјата на Македонија.
Комисија за локална самоуправа