Последните констатации дека домашните енергетски капацитети произведуваат електрична енергија повеќе од потребното е голема лага прикриена со количините на увезена електрична енергија. Барем таму е јасно дека провизиите се чисти, а испади нема. Во последните две години количината на увезената електрична енергија во нашата држава е поголема од увозот што е направен за една деценија претходно и тоа по астрономски цени на берзата.
Како потврда за неспособноста на ова раководство е и тоа што со доаѓањето на пролетта испадите и дефектите од термоцентралите, полека но сигурно се преместуваат кај хидроцентралите. Потврда за ова е испадот на блок 3 во ХЕЦ Шиље. Овој испад бил проследен со мала експлозија на енергетскиот блок трансформатор, чија санација сигурно ќе трае неколку месеци. И она што барем малку функционираше исправно, а тоа се хидроцентралите, и нив успеаа да ги запустат.
Фактот дека СДС и ДУИ се шест години на власт и до денес не е изграден ниту еден државен објект за производство на електрична енергија, доволно говори за проблемите во енергетиката. Наместо да делат награди за фиктивни успеси, најдобро би било да им преовлада самокритичноста за да се свестат дека под плаштот на енергетска криза потрошија 230 милиони евра од буџетот во обид да ја прикријат својата неспособност. Пари кои можеа да ги искористат многу поповолно доколку ги интересираше енергетиката и Македонија.