вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Недостиг на стратегија и план за справување со економските последици од кризата е најголемиот проблем на оваа Влада

Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ: Недостиг на стратегија и план за справување со економските последици од кризата е најголемиот проблем на оваа Влада

„Недостиг на стратегија и план за справување со економските последици од кризата е најголемиот проблем на оваа Влада предводена од СДСМ!
Имено, во нормални услови кога државата има стратегија, пред да се преземе било каква рестриктивна мерка која што ќе има негативно влијание врз некој сектор, најпрво се прави анализа за штетите, се дефинираат конкретни политики за поддршка, а потоа се носат евентуални рестриктивни мерки.
Кај нас, прво се затвораат цели сектори во кои егзистираат илјадници компании и работат илјадници вработени, а потоа владата разгледува мерки за поддршка.
Така беше во март и април, така ќе биде и сега. Само за жал, цената од ваквата неспособна влада ја плаќа стопанството и граѓаните.“

Фејсбук статус на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести