среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали незнаењето да се управува со електроенергетскиот систем ја зголеми цената на струјата?

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Дали незнаењето да се управува со електроенергетскиот систем ја зголеми цената на струјата?

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува дали „незнаењето да се управува со електроненергетскиот систем доведе до зголемување на цената на струјата?“

-ДАЛИ НЕЗНАЕЊЕТО ДА СЕ УПРАВУВА СО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ ДОВЕДЕ ДО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ?!

Деновиве се случуваат протести поради зголемувањето на цената на електричната енергија. Но. што точно се случува во Електрани на Македонија? Состојбите во најголемата производна енергетска компанија нималку не се добри.

‒ Акумулациите за производство на електрична енергија се речиси празни, па дури безмислосно се празни и Охридското езеро со што ќе се предизвикаат можни еколошки катастрофи по биодиверзитетот.
-‒ Во РЕК Битола пред од два дена депонијата за јаглен е речиси празна, има околу 13.600 тони јаглен со слаб квалитет, што е доволно за еден ден работа со двата блока.
‒ Багерот КУ-300 е поклопен со наноси од земја, па не може да функционира. Само слаб дотур на јаглен се одвива од БродГнеотино.
‒ Резервите на мазут се само 150 тони што е премногу малку за ваков комбинат.
‒ Во работа се два блока со минимално оптеретување, секој по 150 MW поради слабиот квалитет на јагленот и потреба од согорување на мазут, со што се уништува електрофилтерот и се загадува животната средина .
За сметка на сето ова, Генералниот директор на ЕСМ , Васко Ковачески пред неколку дена на ТВ дуелот со Стевче Антовски изјави дека ЕСМ нема да прави модернизација на првиот блок во РЕК Битола. Тоа во суштина значи дека блок 1 набргу ќе се исклучи од понатамошен погон и РЕК Битола ќе продолжи да работи со два блока.
Од каде Македонија ќе најде базна енергија од сопствени извори? Дали ќе купуваме од берза по енормно високи цени, со што ќе станеме уште повеќе енергетски зависна земја од увоз на електрична енергија?
Дополнително е фактот дека во РЕК Осломеј ништо не се инвестира за да се оспособи за нормална работа, па прашање на ден е кога официјално ќе го прогласат за затворен.
Обврската на ЕСМ за снабдување со електрична енергија кон ЕВН е во критична точка. Блоковите на РЕК Битола се пред исклучување поради состојбата во која раководството на ЕСМ го доведува комбинатот, РЕК Осломеј не е способен за сигурен погон, хидроакумулациите се речиси празни.
Дали ќе се активира клаузулата од договорот и ЕСМ ќе плаќа пенали на ЕВН, а ЕВН ќе мора да ги набави количините електрична енергија од слободен пазар по многу повисока цена? Сето тоа ќе влијае на цената на електрична енергија, која и во иднина ќе мора да расте.
Кој ќе го плаќа ова незнаење? Одговорот е јасен- граѓаните на Република Македонија.
Ваквото несериозно управување со енергетските компании, кое трае во последниве четири години доведе до покачување на цената на струјата за домаќинствата за 7,4% . Сега дополнително, граѓаните ќе ги плаќаат пеналите на ЕСМ и набавката на струја на слободен пазар.
Што прави актуелното раководство на ЕСМ? Знае ли да го управува електроенергетскиот систем? Изгледа не знае, целосно е во конфузија, распрснато по лични интереси, без визија за енергетиката во иднина. Изгледа енергетиката ја остава да ја поправа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ДАЛИ НЕЗНАЕЊЕТО ДА СЕ УПРАВУВА СО ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИОТ СИСТЕМ ДОВЕДЕ ДО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ?!

Деновиве се…

Posted by Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ on Sunday, September 20, 2020

Најнови вести