Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува анализира дали постои можност да се намали цената на нафтени деривати преку намалување на акцизите.
-При формирањето на малопродажната цена на нафтените деривати влијаат повеќе елементи, а не само движењето на цената на брентот на светските берзи, , кое Регулаторната комисија за енергетика секогаш го користи како оправдување кога носи одлуки со кои се зголемуваат цените. Еден од елементите кои немаат никаква поврзаност со светските берзи се акцизите, а со нивно намалување директно се влијае на намалувањето на крајната цена на нафтените деривати, што е исклучително неопходно во услови на високи малопродажни цени со кои што се соочуваме периодов. Од 2017 година од кога оваа структура е на власт, сведоци сме само на зголемување на акцизите за нафтените деривати, а тоа директно ја зголеми и крајната цена која ја плаќаат потрошувачите.
Согласно последната важечка одлука од Регулаторната комисија за енергетика, имаме премногу високи малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт (со вклучени акцизи), дадени на Слика 1.
И во минатото сме се соочувале со раст на цената на нафтените деривати, како што беше во 2011 година, но тогаш за разлика од сега, постоеше вистинска волја за да се излезе по пресрет на потрошувачите и преку соодветна интервенција во прописите се намалија акцизите, а со тоа се намалија и крајните цени. На 11.04.2011 година цената на бензинот достигна до 80 ден./литар, а на дизелот 69 ден./литар. Со оглед на ваквата ситуација, се пристапи кон намалување на акцизите на нафтените деривати и на 14.04.2011 година се донесе Закон за изменување на законот за акцизи. Веднаш после тоа од страна на Репулаторната комисија за енергетика беше донесена нова одлука со пониски цени на нафтените деривати (Слика 2).
Една од поважните законски надлежности на Реглаторната комисија за енергетика претставува заштитата на потрошувачите и остварувањето на придобивките за потрошувачите, а согласно член 23 став 1, точка 7 од Законот за енергетика, треба да овозможи нивна заштита и унапредувањето на ефективната конкуренција, со цел потрошувачите да имаат корист од ефикасното и конкурентното функционирање на пазарите на енергија во Република Македонија.
Очигледно е дека овој состав на РКЕ ќе се правда дека намалувањето на акцизите не е нејзина надлежност, туку на Владата и Собранието, но тука излегува на виделина немањето на добра волја за да им се излезе во пресрет на потрошувачите поради зголемените цени. Во вакви случај РКЕ може да иницира или да предложи изменување на постојните закони и други прописи кои влијаат на високите цени на нафтените деривати, но за жал ова не е направено.
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.