вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина на темата „Во која насока оди македонската енергетика“

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ одржа трибина на темата „Во која насока оди македонската енергетика“

Вчера вечер во хотелот „Епинал“ во Битола се одржа трибина на тема „ВО КОЈА НАСОКА ОДИ МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА“, на која учествуваа претседателот и двајца членови од централната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Трибината се одржа во организација на локалната комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ при општинскиот комитет во Битола., со посебен осврт на три теми:
Производство на електрична енергија во Македонија-РЕК Битола предизвик и стожер на македонската енергетика и нејзиното место во т.н. „зелено“ сценарио во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 донесена од Владата на СДСМ.
Гасификација на Битола како дел од гасификацијата на Република Македонија.
Топлификација на Битола, Новаци и Могила

Посетителите имаа можност да ги слушнат новините во енергетиката поврзани со трите теми од вчерашната дебата.
Вакви трибини се особено важни, бидејќи се презентираат доста значајни информации кои поради медиумскиот мрак кој не опкружува, тешко стигнуваат до засегнатата јавност.
Посебна чест ни е што токму вечерва сме гости на градот Битола, градот од каде се најголем број вработени во РЕК Битола. Рударско енергетски комбинат кој обезбедува најголем дел од електричната енергија во Македонија. Токму поради тоа сакавме на почетокот од оваа трибина да подискутираме и да ве запознаеме со визиите на ВМРО-ДПМНЕ за развој на овој комбинат- истакна, м-р Елена Маркова Велинова.
Во вториот дел од трибината Крсте Миладинов образложи за развојот на гасификацијата во Битола
И на крајот третиот и последен панелист Круме Стојанов, ја образложи темата која е можеби најинтересна за градот Битола, а тоа е топлификацијата на градот.
Публиката се вклучи со огромен интерс со поставување на прашања од областите во енергетиката кои најмногу ја засегаат Битола.

Најнови вести