Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека РЕК Битола е пред колапс.
-РЕК БИТОЛА ПРЕД КОЛАПС – ПОВТОРНО СОСТОЈБИТЕ СО ИСКОП НА ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА СЕ АЛАРМАНТНИ
Најголемиот производител на електрична енергија во земјата деновиве повторно е пред колапс. Имено, поради непланско, недомаќинско и нестручно работење, состојбата со депонијата во РЕК Битола е алармантна.
Дознаваме деновиве дека на Депонијата за јаглен во Термоелектрани Битола резервите на јаглен се минимални. Во моментов во погон се само два блока, третиот се чува како резерва, а во суштина нема јаглен. Ваквата резерва на јаглен, со два блока во погон, значи дека РЕК Битола би престанала со работа за два-три дена, бидејќи троши околу 12.000 тони јаглен на ден ( со работа на два блока).
Снабдувањето и ископот на јаглен е критично. Состојбата со рударските постројки во рудникот никогаш не било полоша. Рударски постројки се потопени во вода и заглавени во кал, транспортните системи се слабо одржувани, се кинат транспортните ленти.
Според проценките кои се базираат на моменталните состојби, во текот на 23 Април 2020 година на депонијата ќе има нешто помалку од 20.000 тони јаглен. Ова значи дека најважниот електроенергетски производител на електрична енергија во Република Македонија е пред испад од електроенергетскиот систем.
Хидроелектраните не се сега во состојба да го заменат РЕК Битола, а РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино не се спремни за погон.
Дали ова се случува намерно за да се направат некои бизниси со увоз на електрична енергија?
Во време на ВМРО-ДПМНЕ во ниеден момент депонијата на јаглен во ТЕ Битола не била на ниво помало од 120.000 тони резерва.
Денеска, во време на СДСМ, депонијата има едвај 20.000 тони јаглен, што со работа на двата блока РЕК Битола би работела само два до три дена. Ваквата состојба е алармантна за производител како РЕК Битола.
Затоа го прашуваме раководството на АЕЛЕМ:
Дали е точно дека депонијата на јаглен е речиси празна со што РЕК Битола во следните два до три дена ќе престане со работа или повторно “планирано“ ќе се исклучи поради превентивно одржување за сметка на увоз на скапа енергија?
Колкави се резервите на депонијата на јаглен во ТЕЦ Битола ?
Дали е точно дека денешните резерви на јаглен во ТЕ Битола на депонија се под 20.000 тони и кој ќе сноси одговорност за оваа состојба?
Зошто нема ископ на јаловина и откривка на јаглен во рудник Суводол?
Зошто рударските постројки не се одржуваат редовно и се во лоша погонска состојба?
Дали сето ова е планирано за да се купува скапа струја од увоз во наредниот период?
Оваа состојба навистина не значи “блескање“ во енергетиката, како што се обидува да не убеди власта во заминување. Ова е само потврда дека актуелното раководство на најважниот енергетски капацитет – Електрани на Македонија, нема ниту основни познавања, ниту капацитет да го води енергетскиот систем во интерес на граѓаните на Република Македонија. Можеби се заинтересирани само за нивниот приватен интерес?!
По изборите оваа состојба значително ќе се промени, приватниот интерес ќе се замени со јавниот, а оние кои ја доведоа енергетиката во ваква состојба, ќе одговараат за тоа, стои во нивниот пост на Фејсбук.
РЕК БИТОЛА ПРЕД КОЛАПС – ПОВТОРНО СОСТОЈБИТЕ СО ИСКОП НА ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА СЕ АЛАРМАНТНИНајголемиот производител на…
Gepostet von Комисија за енергетика на ВМРО – ДПМНЕ am Donnerstag, 23. April 2020