Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека РЕК Битола повторно работи само со еден блок, а ТЕЦ Неготино исклучен.
-По пожарот на третиот блок и нестручната санација на истиот со кој се нанесе милионска штета, односно се уништи главниот трансформатор на блок 3, РЕК Битола веќе два дена се соочува со нови проблеми. Блокот 1 е исклучен поради пукање на цевки во котелскиот дел!
Самонаречените „шампиони“ во енергетиката се дефинитивно шампиони, ама во негативна смисла на зборот. Најголемиот производител на електрична енергија веќе два дена работи само со еден блок со половина снага.
Ситуацијата е уште поалармантна ако се знае дека поради нестручност, небрежност или намерно поради неисчистени канали за довод на техничка вода, надвор од мрежа е ТЕЦ Неготино.
ТЕЦ Осломеј и покрај бомбастичните најави има јаглен за само неколку денови.
Со ваквото хаотично работење се доведува и безбедноста на сите вработени како и на енергетските објекти од витално значење. Неспособноста и некомпетентноста со поставување на партиски неискусни кадри, донесени од кафеани како свирачи, рецепционери, автомеханичари на раководни позиции во АД ЕСМ и РЕК Битола, се главна причина за ваквата катастрофална состојба на електроенергетските објекти.
Деновиве најчувана тајна е колкав е моменталниот увоз на електрична енергија и по која цена ќе се палти истата, а сето тоа поради неспособноста на оваа власт. Овој товар на македонската економија ќе биде претежок за граѓаните, бидејќи сега недостатокот на електрична енергија ќе биде од увоз, а цените на берзите се екстремно високи.
Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола?
За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДС и ДУИ ќе мора да понесат одговорност!, стои во постот на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ