понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Шампионите во енергетиката се премислија и преку ноќ ги променија својот став

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ: Шампионите во енергетиката се премислија и преку ноќ ги променија својот став

Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ сподели статус на својот Фејсбук профил во кој пишуваат дека Шампионите во енергетиката се премислија и преку ноќ ги променија својот став.

-ШАМПИОНИТЕ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА СЕ ПРЕДОМИСЛИЈА И ПРЕКУ НОЌ ГО ПРОМЕНИЈА СТАВОТ!

Денес на прес конференција раководството на АД ЕСМ и РЕК Битола се пофали дека планираат отворање на рудникот Живојно. Инвестирањето во отворање нови рудници во РЕК Битола во периодот на владеење на СДСМ е многу чудно после сė она што се планираше во енергетиката како што е и затворањето на РЕК Битола. Дали намерите на раководството на АД ЕСМ се искрени и не се работи само за замајување на јавноста пред претстојните предвремени парламентарни избори?
Дали ШАМПИОНИТЕ во енергетиката се предомислија? Дали го слушнаа гласот на вистинските експерти во енергетиката, апелот на опозицијата, како и гневот на Битолчани, па се откажаа од предвидувањата со Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 со која предвидуваа затворање на РЕК Битола? Или само им текна дека 3500 социјални случаи пред избори не е добро за резултатот од изборите, ако се затвори РЕК Битола?
Дали тоа избори се ближат, па мора да го замајуваат гласачкото тело?
Како доскорешните ШАМПИОНИ во енергетиката ќе го поднесат губењето на оваа титула? Истите тие кои се пофалија дека се први на балканот кои ги гаснат термоцентралите, денес го променија ставот и тоа за цели 180 степени. Човек да се чуди колкав пресврт направија во сопствениот став за Стратегијата на енергетиката, т.н. „енергетски лупинг“. Како да не се работи за истите луѓе, кои занесени од фалбите дека се шампиони во енергетиката мислеа дека е „најдобро“ да ја згаснат РЕК Битола? Изгледа и за нив како и за нивниот лидер Заев нема никаков проблем да заборават што ветувале пред Енергетската зедница во Виена, исто како да имаат амнезија. Еден ден се шампиони кои ги гаснат термоцентралите, а ден потоа се загрижени енергетичари кои дури и рудници за јаглен отвораат за да го продолжат векот на РЕК Битола!
Ваквата енергетска авантура нема да помине неказнето!
Обновата доаѓа на 12 април, а тогаш народот ќе им ја покаже лекцијата како правилно се развива енергетката во државата, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести