Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ сподели демант во кој се вели дека оваа Влада предводена од СДСМ заборава дека скоро три години е на власт. Три години е период кој е повеќе од доволнен за да се изгради еден гасовод од почеток, а да не зборуваме за завршување на веќе започната изградба.
-ДЕМАНТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Би сакале да ги демантираме тврдењата на Министерството за транспорт и врски во врска со нивниот напис на порталот Plusinfo.mk
Оваа Влада предводена од СДСМ заборава дека скоро три години е на власт. Три години е период кој е повеќе од доволнен за да се изгради еден гасовод од почеток, а да не зборуваме за завршување на веќе започната изградба. Затоа никакви проблеми во градбата не можат да ги стават на товар на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, ВМРО-ДПМНЕ работеше интензивно на гасификацијата на Република Македонија, а како поткрепа на тоа наведуваме прецизно што точно направи ВМРО-ДПМНЕ за гасификацијата со пресек јули 2017 година, кога СДСМ ја презема власта.
Заклучно со Јули 2017 година се изготвени Идејни проекти за над 800 км гасовод и Основни проекти за над 370 км гасовод.
Се изгради гасоводот Делница од Клечовце – Штип во должина од 61 km.
За гасоводот Делница од Штип до Неготино во должина од 36 km, за кој велат дека го изградиле, не и кажаа на јавноста дека го наследија со 77% реализација. Треба да се нагласи дека оваа реализација од 77% е направена за само 1 година, а нив им требаа години за да ги довршат останатите 23% од изградбата и да кажат дека го изградиле.
Гасоводот Делница од Неготино до Битола во должина од 92 км го наследија со 17% реализација која беше остварена за само 6 месеци од започнувањето на изградбата, а нивната реализација трае три години и сеуште не е завршена.
Гасоводот Делница од Скопје до Тетово и Гостивар во должина од 76 км го наследија со 12% реализација која беше остварена за само 7 месеци од започнувањето на изградбата, а поминаа три години за да се наближат до 50% реализација.
За гасоводот кој требаше да биде Интерконекција со Грција се обезбедија потребните одобрувања од европските институции уште во 2015 и 2016 година, а во Октомври 2016 година се склучи Меморандум со грчкиот оператор на систем, но и после три години нема никаква изградба на оваа интерконекција.
За дистрибуција на природен гас се изработи Физибилити студија и се објавија огласи за воспоставување на јавно приватно партнерство, но со доаѓањето на СДСМ на власт се стави комплетна блокада на овој процес и после изминати три години изградбата сė уште не е на повидок.
Кога ќе се земат во предвид наведениве податоци станува јасно дека Министерството за транспорт и врски, сакајќи да се оправда и вината да ја префрли на друг, всушност покажа дека месечната реализацијата која е направена додека ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше Владата е далеку побрза од сегашната.
Министерството за транспорт и врски во недостиг на сопствени проекти не кажа дали во овие три години испроектирале барем 1 метар гасовод, не кажа дали започнале да градат барем 1 метар нов гасовод како сопствен проект и не кажа дали изградиле барем 1 метар дистрибутивна мрежа за природен гас во секоја од општините во Република Македонија.
Со ова уште еднаш се докажа посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ во реализација на проектите и затоа ВМРО-ДПМНЕ и е потребно на Македонија, за таа да биде гасифицирана држава.
Обновата доаѓа!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ!, стои во нивниот пост на Фејсбук.
ДЕМАНТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ ОД СТРАНА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГАСИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈАБи сакале да ги…
Gepostet von Комисии на ВМРО-ДПМНЕ am Freitag, 15. Mai 2020