петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа: Асфалтот квалитетен колку и локалните власти

Комисија за локална самоуправа: Асфалтот квалитетен колку и локалните власти

Комисијата за локална самоуправа преку својот Фејсбук профил објавува дека асфалтот кои оваа власт го става е неквалитетен и истиот е квалитетен колку што се квалитетни локалните власти.

АСФАЛТОТ – КВАЛИТЕТЕН КОЛКУ И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

И Македонски брод доби нов асфалт.

Колкава треба да биде дебелината на асфалтната површина и квалитетот на материјалот и дали станува збор за украдени народни пари….се гледа од авион.

Најверојатно градоначалникот Живко Силјаноски имал одредено и тарифа за квалитетен асфалт, исто како што имаше тарифа за на граѓаните да им доведе техничка вода? Којзнае…

Која фирма асфалтира во Македонски Брод и дали кражбата на јавните пари при асфалтирањето на патиштата стана секојдневна пракса, исто како што стана вообичаено на секои три месеци да се јавува потреба за нов слој асфалт над „новиот“ асфалт???

Во нормална држава, откако ќе се определи буџетот, на терен излегува комисија која врши технички прглед и констатира дали сè е сработано во согласност со проектната документација, условите на проектот и договорот.

Но, тоа во нормална држава, со нормални власти.

Кај нас, важно е градоначалникот да биде виден како асфалтира, а потоа….асфалтот ќе пука и ќе пропаѓа, а граѓаните повторно ќе молат!

Сè додека никој не испитува дали има елементи за кривична одговорност при изградбата на патиштата, ситуацијата ќе биде ваква, како во Македонски Брод.

Во меѓувреме, можеме да се обложиме дека асфалтот во Македонски Брод ќе трае колку што ќе трае власта на СДС….уште само 4 месеци!

Најнови вести