петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците не се грижат за граѓаните ни во добро, ни во лошо

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците не се грижат за граѓаните ни во добро, ни во лошо

Градоначалниците не се грижат за граѓаните ни во добро, ни во лошо, ова денеска преку Фејсбук статус го потенцираа од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ НИ ВО ДОБРО-НИ ВО ЛОШО!

Негрижата за своите граѓани по којзнае кој пат на дело. Градските татковци одново и одново покажаа и докажаа дека не се грижат за граѓаните ни во добро, ни во лошо! Ајде што се крајно безидејни, ајде што не умеат да смислат нити една мерка за борба со заедничкиот непријател, но можат барем во овие најтешки моменти да се надминат себе си и да ги прифатат иницијативите и предлозите кои доаѓаат од советничките групи во општините со кои раководат.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Крушево поведе иницијатива за одобрување на 300.000 денари – финансиски средства за субвенционирање на 60% од трошоците за тестирање на пациентите од подрачјето на општината со симптоми на вирусот COVID-19. Имаме сериозен, итар и упорен непријател и затоа мораме широко да ги отвориме очите, а тестирањето на што поголем број луѓе ќе ни помогне во тоа. Но, иако станува збор за здравјето и животот на граѓаните, иако станува збор за идниот живот во општината и иако станува збор за пари од граѓаните, советниците на СДС се изјаснаа воздржано, како да им е сеедно што ќе случува понатаму! Ниту успеаја да се надминат себе си и своето его, ниту пак, покажаа трошка хуманост, солидарност и човечност!

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Охрид побара итен ребаланс на буџетот со кој веднаш би се стопирале непродуктивните трошоци од буџетот во вкупен износ од 42.694.000 денари, за кои нема никакво оправдување: патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања и истите веднаш да се пренаменат за помош на најпогодените граѓани и стопански субјекти во градот. Но и овој предлог не наиде на слух од страна на градскиот татко на Охрид.
Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ упатува апел до сите градоначалници конечно да седнат и да почнат да бараат начини за помош на своите граѓани или барем да ги усвојат предлозите и иницијативите кои секојдневно им ги упатуваат советничките групи!

Исто така, Комисијата за локална самоуправа ВМРО-ДПМНЕ стои на ставот дека не е време за патувања, репрезентации, времени вработувања…ниту за реконструкции на општински згради, ниту пак за украсување на општините со цвеќе. Единствено е време да си помагаме едни на други, да бидеме дисциплинирани и секој денар да го искористиме за превенирање на тешка ситуација која ни претстои.

Колку побрзо го сфатат ова градските татковци, толку повеќе животи ќе се спасат и толку побрзо ќе се надминат последиците од економската криза која ни претстои.

Крајно време е да покажете грижа! Впрочем тоа и им го должите на своите сограѓани!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ НИ ВО ДОБРО-НИ ВО ЛОШО! Негрижата за своите граѓани по којзнае кој пат на…

Gepostet von Комисија за локална самоуправа am Dienstag, 31. März 2020

 

Најнови вести