сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициски потоп, наместо инвестициски бум!

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Инвестициски потоп, наместо инвестициски бум!

комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека инвестициски потоп, наместо инвестициски бум!

-ИНВЕСТИЦИСКИ ПОТОП, НАМЕСТО ИНВЕСТИЦИСКИ БУМ !

Од оние чија единствена политика е уништувањето, а единствена идеологија – крадењето, не може да се очекува напредок!

Изминува третата година како го очекуваме инвестицискиот бум кој на општините треба да им обезбеди економска одржливост и да создаде услови за стопирање на миграциите на млади луѓе.

Но, од инвестициите наши насушни ни трага – ни глас, а најавуваниот инвестициски бум се претвори во инвестициски потоп кој со сидрото наречено Зорн Заев ја потона македонската економија на дното!

Престанавме да зборуваме за проекти, заборавивме кога последен пат се изградило училиште, пат, болница…кога се отворила детска градинка…иако парите од буџетот се трошат со брзина на светлината, а задолжувањето ни стана секојдневие.

И додека владините експерти за аздисување на најразлични начини екстра профитираат на грбот на народот, скапаа јаболката во Ресен, не се продаде тутунот во Прилеп, бостанот остана по нивите во Струмица, а земјоделците ги исекоа овошните насади и од нив си направија питачки стапови.

Веќе никој не може ни да сонува за нова фабрика, затоа што ја погребавме правната држава, полевајќи ја несигурната економска почва со најлошите политики, чиј плод е политичката криза!

Ја пропуштивме шансата за отварање на нови работни места затоа што и странските инвестиции ја заобиколија земјата во која за прав пат говорат оние кои не успеаја да изградат ниту 2 километри каков-таков, а камоли прав пат!

Никој нема да инвестира додека земјата ја претставуваат луѓе кои ги „краси“ неработа, неспособност, скандали, местени тендери и корупција!

Денот за соочување доаѓа, рочиштето е закажано за 12ти април, а веќе сите се уверивме во неспорниот факт дека во држава со слабичка економија и комплициран систем, исклучително е важно кој ќе дојде на кормилото на владата и во чија рака ќе бидат клучевите од буџетот.

Клучевите кои народот денес грчевито ги држи, на 12ти април ќе ù бидат предадени на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и економскиот тим кој знае домаќински да работи, да привлекува инвестиции и да креира работни места – тим кој се обврзува да обезбеди подобар животен стандард и да понуди повеќе за секого!

Време е да се променат работите!

Борбата за оттргнување на политичките канџи од правната држава започнува денес во 18 часот пред Јавното обвинителство!

#ОбноватаДоаѓа!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести