Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека продолжува забеганоста на Шилегов и неговите најблиски соработници, тие обвинуваат за нови скандали и афери.
-Нема да помине ден а јавноста да не е згрозена од нов скандал на скопскиот градоначалник Шилегов и неговите најблиски соработници.
Треба само да ги разгледаме вестите и социјалните мрежи од изминативе неколку месеци, и ќе се потсетиме дека само во 2021 година Шилегов и неговите соработници имаат направено десетици скандали и афери, за кои во нормална држава досега ќе имаше кривини пријави, апсења и оставки.
Да ја потсетиме јавноста, само дел од овие скандали, каде како „најскандалозни“ можеме да ги издвоени:
– Криминалниот тендер на Шилегов за набавка на скали за противпожарни возила за фантастични 1,7 милиони евра, додека Загреб за истата има платено повеќе од двојно помалку;
– Задолжувањето на скопјани за преку 70 милиони евра за изградба на некаков автобуски систем, кој реално нема да го подобри значително сообраќајот во главниот град, но затоа за неговата изградба ќе се уништи средишното зеленило на повеќето градски булевари, при што ќе се уништат преку 40.000 метри квадратни, а дополнително ќе се уништи и еден од новите најубави паркови во Ново Лисиче за изградба на депо.
– Додека се најавува големо уништување на ова зеленило, како и секојдневната сеча за стотици дрва за изградбата на згради и уништувањето на Аеродром и Кисела Вода, поранешните лажни НВО активисти, шарени револуционери, паркобрани и сл., а денес функционери во Град Скопје и советници, не само што не се борат за тоа за што ја лажеа јавноста пред 4 години, туку отворено лажат и измислуваат за реализирани проекти и нови паркови, молчат за секојдневната бетонизација на Скопје…
– Деновиве Шилегов и градоначалникот на Карпош беа во центар на вниманието и по скандалот со депонирањето на шут во т.н. парк во изградба во Карпош 4, веднаш до втората заштитна зона на бунарското подрачје „Нерези Лепенец”, кое ги снабдува со вода скопјани и постои опасност од контаминација и е крајно незаконски.
– Нивната забеганост оди до таму, што очигледно нервозниот и испаничен Шилегов се кара со кого стигне на телевизии, дали навреди и квалификации, а ништо подобар не е и неговиот шеф на кабинет Наумоски, кој неговата ароганција и фрустрации секојдневно ќе демонстрира на социјалните медиуми каде ги навредува сите кои не се согласуваат со него, вклучувајќи го и великанот на македонската драматургија Горан Стефановски.
– Рекетирањето на секретарот на Град Скопје, Викторија Мадиќ и шефот на кабинет Наумоски на познат скопски адвокат, каде истите бараат противуслуги преку вработувања на нивни луѓе во приватна адвокатска канцеларија за можноста да соработуваат со едно од скопските претпријатија
– Двојните аршини во македонското општество, каде директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе присуствува на натпревар на македонската ракометна репрезентација, додека граѓаните изминатава година се соочуваат со забрани за движење и присуство на вакви манифестации. За граѓаните казните се драконски, за функционерите на СДСМ секако нема никакви реперкусии.
Завршуваат 4 години од власт на Петре Шилегов и неговиот тим, кои ќе останат запаметени по неработата, скандалите и корупцијата. На наредните локални избори скопјани ќе го казнат мрзеливиот Шилегов и ќе го испратат во политичка историја, стои во нивниот пост на Фејсбук.
ПРОДОЛЖУВА ЗАБЕГАНОСТА НА ШИЛЕГОВ И НЕГОВИТЕ НАЈБСЛИСКИ СОРАБОТНИЦИ, НОВИ СКАНДАЛИ И АФЕРИ СЕКОЈ ДЕН
Нема да помине ден…
Posted by Комисија за локална самоуправа on Вторник, 04 мај 2021