Еден од главните фактори во борбата против загадувањето и подобрата животна средина е соодветно собирање и третман на комуналниот отпад, велат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во изборните кампања изминативе неколку циклуси ветуваа големи проекти и активности во оваа област, како што се:
– Справување со проблемот со дивите депонии;
– Отворање на регионални депонии кои ќе работат по европски стандарди;
– Соодветен третман и рециклирање на отпадот.
Пет години од превземањето на централната и три и пол години на локалната власт, состојбата на терен е катастрофална и никогаш не била полоша:
– Цела Македонија е претворена во депонија, истите никнуваат неконтролирано во сите општини. За катастрофата да биде поголема, во текот на зимските месеци, истите се палат и ова е еден од главните фактори во загадувањето на воздухот, а градоначалниците на СДСМ и ДУИ се целосно неспособни да се справат со оваа појава.
– На сите ветувања, иако беа оставени поголем број на проекти во поодмината фаза од минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, досега не е отворена ниту една модерна регионална депонија. Напротив, веќе 5 години ги слушаме истите изговори, дека се работи на проекти, на идејни проекти, кај и да е ќе започне нивната изградба… за цела Македонија да се дави во диви депонии.
– СДСМ ветуваа модерен третман на отпадот и негова рециклажа. За жал, сите овие години подоцна, сведоци сме дека рециклирањето е сведено на мизерен минимум, а за ова сведочи и последниот извештај од проектот „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“, кој во нашата земја го спроведуваат Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), Заединицата на единици за локална самоуправа на Македонија (ЗЕЛС) и компанијата Пакомак. Во истиот е нотирано дека рециклажата на стакло во Македонија е на многу низок степен и далеку зад просекот на европските држави, каде тој изнесува 70%.
За време на кампањите за парламентарните и локалните избори, СДСМ ветуваа инвестиции во набавка на возила, опрема и сл. за да се развие системот за рециклирање и управувањето на отпадот. Денес сме сведоци дека државата и општините не вложуваат воопшто во современ третман на отпадот и рециклирање, додека, за жал, единствените инвестиции, иницијативи и проекти доаѓаат од невладиниот сектор и странски фондации.
За џабе беше полнењето на администрациите на општините и јавните комунални претпријатија со партиски војници, кога ниту граѓаните добиваат подобри комуналните услуги, ниту имаме подобрување на третманот на отпад, ниту имаме поефикасна борба против создавањето на нови диви депонии, се вели во обајавта на комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.