петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка им кажа колку македонски општини се на прав пат

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Светската банка им кажа колку македонски општини се на прав пат

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека Светската банка открила колку македонски општини се на прав пат.

-СВЕТСКА БАНКА ИМ КАЖА КОЛКУ МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТИНИ СЕ НА ПРАВ ПАТ

Во време кога низ општините царува мобингот, криминалот, лошата инфраструктура, матните тендерски зделки, а Премиерот не‘ убедува дека блескаме, Светска банка ни удира шамар за освестување!
– Нема систематско планирање,
– Централната и локалната власт слабо финансираат инфраструктура,
– Ниско ниво на поддршка од централната власт за стратешки развој на локалните патишта,
– Слаб капацитет за планирање на локална инфраструктура,
– Недостаток од кадар кој е стручен за давање податоци за локалната патна мрежа,
– Непостоење систематски пристап при рехабилитација на патиштата и улиците,
– Неекипираност и непосветеност во одделенијата за локални патишта…
Ова се описи кои Светска банка ги дава за состојбата во општините низ Македонија!
Исклучително лошата менаџерска способност на градоначалниците, не им дозволува самостојно да си обезбедат средства за управување со локалната инфраструктура. Во исто време не знаат како да го „искористат“ обучениот кадар во локалните самоуправи. Како партиска задача добиваат и вработување на нови лица…
И кога ќе се соберат овие компоненти, добиваме неповолен резултат!
Голем дел од обучената администрација не добива работни задачи, соодветни на претходната подготовка, поради тоа што припаѓа на политичка опција која не е блиска до власта. Од друга страна, се вработуваат нови кадри, кои не само што немаат искуство, туку и не се обучени за работа во локална самоуправа, па и кога има средства, тие не знаат како да ги искористат.
Власта не продуцира квалитет и не одржува континуитет во работата на администрацијата, па затоа меѓународните фондови се зафаќаат со подобрување на очајната состојба на човечки ресурс кој владее со општините низ Македонија.
И наместо сите средства кои Светска банка ги предвидува да се потрошат на обезбедување квалитетни улици и патишта, локалните самоуправи ќе трошат време и пари на обучување на државните службеници и неспособните партиски кадри!, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести