вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: За директорот Љупчо Јаневски поважни се партиските активности од развојот на туризмот во Охрид

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: За директорот Љупчо Јаневски поважни се партиските активности од развојот на туризмот во Охрид

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишуваат дека за директорот Љупчо Јаневски поважни се партиските активности од развојот на туризмот во општина Охрид.

ЗА ДИРЕКТОРОТ ЉУПЧО ЈАНЕВСКИ ПОВАЖНИ СЕ ПАРТИСКИТЕ АКТИВНОСТИ ОД РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ОХРИД!

Охриѓани имаат право да знаат како директорот Јаневски ги користи нивните пари и колку искрено се грижи за развој на туризмот во Охрид!

Дека лицемерието на власта и нејзините инсталации нема крај сведочи фактот што директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – Љупчо Јанавески ГЛУМЕЈЌИ ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ, тргна на саемот во Белград со автобус!

Имено, директорот Јаневски денес објави фотографија од неговото поаѓање за на саем во автобусот, но од јавноста го сокри фактот дали останатите членови од АППТ кои ќе присуствуваат на саемот тргнаа со службеното возило на агенцијата, за кое УО на институцијата одобрил и потпишал налог за службено патување за периодот од 19-23.02.2020!

Бараме од надлежните ВЕДНАШ да испитаат: колку ќе го чини буџетот на Република Македонија ова патување, односно да го погледнат патниот налог, сумата на исплатените финансиски средства, обезбеденото службено возило за оваа авантура на директорот, како и износот на резервацијата во хотелот во Белград, каде според наши сознанија е извршена исплата за резервација во еднокреветни соби за сите присутни членови.

Дополнително спорен е фактот зошто директорот не отишол на саемот уште на самото отварање, ако се има во предвид дека ова е многу значаен саем, најголем во регионот, на кој замјата треба да се претстави во најдобро светло и да се поразговара со сите релевантни фактори, за секако, сите општни и македонскиот туризам да имаат некаков бенефит од ваквите рашетавања на директорот Јаневски.

Од блиски извори дознаваме дека директорот оди на саемот еден ден подоцна, токму заради партиските активности на ДОМ, во која тој самиот е генерален секретар, а кои очигледно за него се многу позначајни од претставувањето на можностите за развој на туризмот во македонските општини!

Инаку, првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија (во кои очигледно нашиот „домаќински“ директор не се вбројува) на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови.

Сè додека имаме вакви директори кои државата и општините ги сметаат за своја лична сопственост, ќе трпи буџетот на Република Македонија и ќе стагнира развојот на туризмот во сите општини во земјава, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести