недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за локална самоуправа: „Трас-трас“ судството за едни е мајка, а за други маќеа

Комисија за локална самоуправа: „Трас-трас“ судството за едни е мајка, а за други маќеа

Вонредната состојба, распишаните избори, хаосот што го создадоа во државата…не се доволна причина за трас-трас судството засилено да ги спроведува политичките хајки кон неистомислениците. Но и покрај тоа, она што најмногу загрижува е фактот што „трас-трас“ судството за едни е мајка, а за други маќеа, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што Основниот кривичен суд Скопје, денес ја објави пресудата за предметот „Транспортер“ со која поранешниот градоначалник на Битола – Владимир Талевски го осуди на казна затвор во траење од 8 години, а актуелната градоначалничка Наташа Петровска шета слободна иако постапките за јавни набавки за превоз на учениците ги спроведува по сосема истиот принцип за кој Талевски денес е осуден, е само сведок повеќе за тоа дека обвинителството – гони кого сака, а судот осудува – кого мора!

Ја испокрадовте државата, буџетот пепел сте го сториле, вработувате илјадници луѓе на дневна основа додека граѓаните се борат за својот живот…и вие ќе сте делеле правда?!

Правдата за вас е тотално непознат, но и најнепосакуван поим!

Иако е неспорен и повеќе од очигледен принципот на работа на нашето трас-трас-Кацарска судство кое функционира по директива на СДС и без оглед на условите во кои се наоѓа земјата и до која фаза е борбата за здравјето и животот на граѓаните, повеќе од очекувано е дека ќе се зголемуваат притисоците, ќе се нижат пресудите, казните, обвинувањата, заканите и уцените, затоа што тоа е она што оваа власт најдобро го МОЖЕ!

До кога? До денот на изборите, кога и да се случат!, стои во нивната објава на Фејсбук.

Најнови вести