среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ: Власта и Царовска воопшто не се грижат за здравјето на учениците и вработените во образованието

Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ: Власта и Царовска воопшто не се грижат за здравјето на учениците и вработените во образованието

Власта на СДСМ и министерката за образование и наука Мила Царовска воопшто не се грижат за здравјето на учениците и вработените во образованието, реагираат од комисијата за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ.

Кај наставниците коишто држат онлајн настава од училиште се созадава револт затоа што парното е редуцирано или го нема и училниците се ладни и незатоплени. Канцелариите во одредени училишта се мали и затоа има и поголеми групирања, а во нив работат и по повеќе од двајца немајќи услови за оддалеченост повеќе од два метри.

Сè уште има училишта каде што нема никакви услови за одржување на онлајн настава, нема ниту електронски уреди, ниту интернет. Наставниците и учениците се снаоѓаат самите како што знаат и умеат.

Власта потребно е веднаш да обезбеди технолошки уреди за сите ученици и наставници кои немаат можност за одржување и следење онлајн настава, како и ваучери за ИТ опрема.

Со прес-конференции за заболени, оздравени и починати ни отиде возот по удолница без кочници.

Хаосот во образованието е сè повеќе очигледен, а власта и министерката Царовска не преземаат ништо за да ги решат проблемите, стои во реакцијата на партиската комисија.

Најнови вести