Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието, а во обид да се заврши наставната година и да се реализира предвидената програма, се наметна една мачна состојба како за учениците, така за родителите, а секако и за наставниците и професорите.
Во продеолжение ви ја пренесуваме целата реакција на комисијата за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ:
Во една ваква состојба наместо надлежните веднаш да ја скратат наставната програма колку што може повеќе, да ја прилагодат на моменталната состојба тие секојдневно наметнуваат невиден административен притисок.
Уште еднаш нагласуваме и предлагаме:
Веднаш МОН и БРО да изготват скратена програма до завршување на наставната година, со јасни насоки до наставниците како да постапуваат по неа!
Кога надлежните не се грижат за образованието тоа е оставено на самите вработени во воспитно-образовниот процес.
Затоа да им дадаме поттик на учениците, на наставниците и родителите да издржат во оваа состојба.
Здравјето пред сѐ!
? Власта излезе неподготвена за вакви вонредни состојби како во сите области, така и во образованието, а во обид да се…
Gepostet von Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ am Mittwoch, 15. April 2020