петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: МОН укинете ја матурата веднаш!

Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ: МОН укинете ја матурата веднаш!

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук бара од Министерството за образование и наука да се укине државната матура веднаш!

-Во предвечерието на МАТУРСКАТА ВЕЧЕР
Март, април, мај 2020…
А можеби и понатаму.
Целата природа е разбудена, расцветана, а нам ни се случи КОРОНА, и ако здравјето ни биде пријател, ќе раскажуваме за времето кога се случи РЕСТАРТОТ на нашата цивилизација затоа што после ова ништо нема да биде исто.
Март, април, мај 2020…
Време кога цел свет се бори да дише, кога мртвите станаа броеви, кога само и за броеви слушаме и гледаме, новозаразени, починати, самоизолација, излекувани…
Време кога најблиските ги гледаме само во очи, кога нема насмевка затоа што мора маска, кога нема допир затоа што мора ракавици, кога со соседот се одминуваш на растојание од 2 метра, кога не ги посетуваш роднините.
Кога твоите родители постари од 67 години мора да седат дома, најчесто во една соба, а тешко на оние кои немаат кој да им купи храна и лекови.
Кога илјадници останаа без работа, илјадници им се намалија платите на минимални, кога цените останаа исти, а некои продукти поскапеа.
Кога тестови за КОВИД-19 нема доволно,
а неизвесноста те убива, со страв кривата да не отиде угоре, и да не бидеш и ти точка од таа крива…
Време кога на половина час слушаме едни препораки, па други препораки.
Време каде чекориш што побрзо дома пред полицискиот час.
Време кога првпат Велигден го пречекавме 5 дена затворени дома.
Време кога докторите паѓаат од умор и секој час се на ризик да се заразат во полните болници.
А образованието?
И наставниците паѓаат затоа што мораат да бидат подготвени за далечинско учење, за жал многу од нив не по нивна вина, многу тешко се справуваат со таквото барање, а учениците мора на
далечина да следат настава, повторно за жал многу од нив немаат компјутер, интернет.
Платформи, апликации за комуникација, евиденции, записници, е-дневник, совети, оценки, лекции, тестови, дописи…
Секој ден е сè потрагично, а можеше толку безболно да се заврши барем за нив. За вонредни услови како што е епидемија наставната година можеше да заврши со 100 работни денови.
Овде има толку многу да се зборува, но она што ќе биде тажно, а следува во најбрзо време е:
МАТУРАТА И НАШИТЕ МАТУРАНТИ,
нашите деца, нашата иднина!
Овие ученици ги минуваат истите премрежија како и секој човек во светска пандемија. Се воведоа вонредни мерки, се воведе вонреден живот во цел свет.
Но, ние имаме „мудри“ водачи на нашата распната Македонија кои даваат „мудри“ предлози, а кои брзо стануваат одлуки учениците да ја полагаат матурата, а во цела Европа матурските испити се укинаа, или во најлесен облик се реорганизираа.
А дали некој ги праша нив?
Дали ги имаа потебните услови да се припремат?
Низ какви семејни приказни тие поминуваат?
Дали биле во самоизолација, тие или некој член од семејството?
Дали некој бил во болница, дали имале траума во семејството?
Дали го чувствуваат финансискиот колапс во своите домови?
Дали некој ги информираше дека БЕЗУСЛОВНО што и да се случи тие ќе ги полагаат матурските испити?
А, еве, и прашање за да размислат „мудрите“:
Како би полагале матурантите?
Во училниците со клупи на метар растојание, со маски и лични карти, но претходно треба идентификација, па ќе ги тргнат ли маските, или…
А пред училиште ќе стојат во колона по еден на 2 метра растојание со дежурни редари и професори и нема да смеат со другарот или симпатијата да се поздрават или гушнат…
Па ова ќе биде како нов спот за „Пинк Флојд“. По матурскиот испит секој дома, затоа што е забрането собирање, а тие најважниот момент од нивниот средношколски живот го поминуваат.
Но, има една изрека велат „Ако е бал, нека е маскенбал“. Кога веќе сакате да има испити, а тоа значи во ист час масовно ќе бидат излезени, тогаш дозволете им да го играат Квадрил на плоштад, може градскиот татко ќе им овозможи поголем простор на 2 метра растојание и чадори, па цел свет нека ни завидува дека матурантите го полагаат испитот, но и сите други обележја кои се традиција кај нас. Организирајте им матурски вечери, отворете ги кафаните, дајте им ваучер за шопинг, дозволете им на родителите да прослават за зрелоста на нивните деца…
Сега, сигурно полека ја разбравте пораката.
Не, квази мудреци, не може различни мерки да имате. Во вакво време-невреме, не може да докажувате дека нормалата е постигната преку најранливите во моментот на емотивна основа – младите матуранти, кои сега зачекоруваат во светот на возрасните.
Ова време-невреме, не е за носење вакви одлуки.
Ослободете ги од неизвесноста и премрежијата кои ги поминуваат. Тие и сега се како на испит.
Младоста е нивната сила, но во овие моменти се чувствуваат како птица во кафез.
Барем не им го прекривајте кафезот со темен превез, птиците тогаш не пеат!
МОН – УКИНЕТЕ ЈА МАТУРАТА ВЕДНАШ!
ЦКОН на ВМРО-ДПМНЕ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

? Во предвечерието на МАТУРСКАТА ВЕЧЕР ?Март, април, мај 2020…А можеби и понатаму.Целата природа е разбудена,…

Gepostet von Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ am Montag, 27. April 2020

 

Најнови вести