Комисијата за спорт на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејбсук пишува за „правата“ на советникот Даниел Димевски.
-СОВЕТНИКОТ ДАНИЕЛ И НЕГОВОТО “ПРАВО”
КРИМИНАЛ, МАНИПУЛАЦИИ И ЗЛОУПОТРЕБИ Е ДЕЛ ОД НАСЛОВИТЕ ВО НАШИТЕ МЕДИУМИ
Покрај прекршување на законот за Антикорупција и Етичкиот кодекс на Владата на РМ од страна на Даниел Димевски, тој заедно со в.д. директорот на ЈПСОС Шпенди Хајредин го прекршиле и законот и постапката за земање под закуп на дел од СРЦ Кале. Тие наместо да спроведат електронско наддавање, со јавниот оглас пропишале постапка непостоечка во ниеден закон. Но и тоа не им било доволно, па иако и во тој незаконски јавен оглас, стои дека објектите се издаваат на 5 + 5 години, склучиле незаконски договор на 30 години.
Што уште треба да излезе во јавноста како доказ, за да видиме реакција од Владата и оградување од овој очигледен КРИМИНАЛ ?
Отказ за Даниел Димевски ВЕДНАШ.
Ова е само еден мал дел од серијалот во најава!, стои во нивниот пост на Фејсбук.
‼СОВЕТНИКОТ ДАНИЕЛ И НЕГОВОТО "ПРАВО"‼?КРИМИНАЛ, МАНИПУЛАЦИИ И ЗЛОУПОТРЕБИ Е ДЕЛ ОД НАСЛОВИТЕ ВО НАШИТЕ МЕДИУМИ?Покрај…
Gepostet von Комисија за спорт на ВМРО – ДПМНЕ am Donnerstag, 23. April 2020