По кој критериум освен партискиот е назначена за директор на Болницата во Кочани, Душанка Горгиева, претседателка на Форумот на жени во Кочани и советник во советот на општина Кочани. Меџити кој деновиве во јавноста го нема да даде одговори за справувањето и подготвеноста на здравствениот систем со конго- кримска хеморагична треска, сепак активен е кога станува збор за континуирано продлабочување на партизацијата во здравствениот сектор, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ова е уште еден показател дека четвртиот министер за здравство во оваа Влада освен политички пазар и партиски интереси ништо друго не прави во ресорот здравство кој и онака е во исклучително лоша ситуација.
❗️Меџити даде ветување дека ќе ги укине организациските директори, а во меѓувреме поставува нови на неколку клиники.
❗️ Разрешува директори, а јавноста не е информирана која е постапката за стручност при разрешување и избор на нови директори.
❗️Меџити во најкус можен рок треба да даде одговори на неколку прашања, а воедно бараме да ја објави постапката за разрешување и назначување на директори.
👉Бараме транспарентност на постапките при избор на директори во јавните здравствени установи, со оглед фактот на фактор дека има над 20 нови директори, а јавноста не е информирана ниту кои се.
❓️❗️Врз основа на кои критериум додека се замајува јавноста дека ќе се разрешат организациските директори ги назначи на пример организациските директори на Клиниката за гастроентерохепатологија, Клиниката за кардиологија и Институт за туберкулоза и белодробни болести.
❓️По кои критериуми, освен партискиот е назначен на пример и директорот на Клиниката за токсикологија. Терциерна установа, каде е назначен семеен лекар кој никогаш не работел во терциерно здравство.
Четвртиот по ред министер во Владата ДУИ-СДСМ дополнително ги продлабочува проблемите и политизира здравството, на штета на целиот здравствен систем.