петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ до Меџити: По кој критериум е назначен новиот директор во кумановската болница?

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ до Меџити: По кој критериум е назначен новиот директор во кумановската болница?

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ велат дека министерот Меџити и по вчерашната посета во Здравствениот дом во Куманово повторно без одговори на прашањата на кумановци и сите кои гравитираат кон кумановските здравствени установи.

Оттука тие упатуваат прашања до Меџити:

-1.По кој критериум освен шверцерско-пазарџиските комбинаторики е назначен новиот директор во кумановската болница, иако сега веќе разрешената директорка е избрана на конкурс?
2.Кој и од чиј џеб ќе се плаќаат оштети од вакви евентуални правни постапки иницирани заради исклучиво заради партиски интереси
3.Бараме јавно да се објави извештај за констатирани неправилности врз основа на кои е направено разрешувањето?
‼️Потсетуваме дека Меџити истото пазарџиско однесување го продолжува по назначувањето и на економски директори на клиники, иако вети дека ќе ги разреши
‼️Ваквото однесување е причина за катастрофалното менаџирање на установите, каде деновиве видовме дека ФЗОМ само констатира неправилности, но притоа не видовме конкретна преземена активност.
‼️Во меѓувреме остануваат проблемите во кумановските здравствени установи на штета на пациентите

Недостасуваат основни средства за работа како: локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури и тн. кои пациентите се принудени да ги купуваат приватно

Недостаток на здравствен кадар на сметка на ненаменско вработување на административен кадар

Нема воведување нови здравствени услуги и тераписки процедури

Поради неодржување во повеќе оддели има протекување на кровната конструкција при обилни дождови
‼️Целосна маргинализација на ЈЗУ во Куманово што е регионален здравствен центар кој ги сервисира со секундарна здравствена заштита oпштините Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричине, стои во објавата на Комисијата.

Најнови вести