среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Што работеа до сега четворицата министри на СДСМ-ДУИ, 9 години не се ажурирани упатствата за лекување на пациенти

Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ: Што работеа до сега четворицата министри на СДСМ-ДУИ, 9 години не се ажурирани упатствата за лекување на пациенти

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека

„НА КРАЈОТ МЕЏИТИ СЕ ФАЌА ЗА СЛАМКА

‼️Кога се гледа крајот на министерот за здравство му текна да се сретне со работната група која ќе работела на ажурирање на упатствата за практикување медицина заснована на докази ‼️За истата комисија, самиот Меџити признава дека листата е постоечка, ама последен пат ажурирана во 2014 година

❓Оттука прашуваме

1.Зошто после пауза од 9 години дури сега се ажурираат упатствата за лекување на пациенти според медицина базирана на докази?

2. Што работеа до сега четворицата министри за здравство во Владата на СДСМ-ДУИ?

3. Дали пациентите во Македонија до сега се лекуваа според неажурирани упатства за лекување?

4. Дали во овој процес на ажурирање на упатствата не е потребно и да се вклучат и еснафските здруженија како Лекарската комора и здруженијата на пациентите засегнати според дијагнозата?

5. Дали ова не треба да биде континуиран професионален процес што треба да биде стимулиран од фелата и од медицината а не да зависи од политиката и волјата на министерот?“, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести