Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ преку својот Фејсбук профил денеска прашува каде отидоа парите наменети за месните заедници?
-КАДЕ ОТИДОА ПАРИТЕ НАМЕНЕТИ ЗА МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ???
Две години како граѓаните чекаат да се зајакне влијанието на месните заедници и истите да добијат дефиниран правен статус, печати и право на одлучување!
Како што беше ветено, централната власт требаше да ги пренесе надлежностите колку што е можно поблиску до граѓаните, да се врати моќта на месните и урбаните заедници и истите да бидат опремени со канцеларии и технички услови.
Ни трага ни глас и од планираните собири на граѓани на кои одлуките треба да се носат внимателно, сослушувајќи ги предлозите од граѓаните да се креираат реални буџети, а градоначалниците да бидат сервис и слуги на граѓаните и да го работат она што од нив ќе го побараат граѓаните.
Две години како СДС буквално бега од граѓаните!
Две години како СДС одново и одново покажува дека грижата за граѓаните исчезнува со првото постизборно изгрејсонце!
Не профункционираа ниту канцелариите за млади, ниту советничките канцеларии, а се откажаа и од помпезно најавуваното работно лето!
Зошто бегате од граѓаните?
По кој пат отидоа парите наменети за месните заедници?
Ако имате лице да се соочите – граѓаните се тука и ве очекуваат – не ги избегнувајте веќе! Доаѓаат нови избори во кои вие ќе ги барате нив!
На крајот, ќе ве потсетиме дека она што граѓаните го мерат се ДЕЛАТА, а не намерите!
И…бидете внимателни! При енормни блескања, незгоди можат да се случат и на прав пат!, стои во нивниот пост на Фејсбук.