Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во Штип каде заедно со здравствени работници од Источна Македонија дебатираа за актуелните состојби во здравството.
„КОМИСИЈАТА ЗА ЗДРАВСТВО ВО ШТИП
👉Централна комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ денеска заедно со здравствени работници од Источна Македонија во Штип дебатираа за актуелните состојби во здравството.
👉На средбата се стави акцент новата болницата во Штип чија изградба е во застој, а токму бавната градба беше причина кредиторот да се откаже од финансирањето на овој проект. И изградбата на оној поголемиот клинички центар во Скопје остана завршена приказна засега.
👉Претставници на Централната комисијата за здравство со своите колеги од овој дел на Македонија разговараа и воопшто за актуелната состојба со здравствениот систем во Штип и Источна Македонија“, стои во нивниот пост на Фејсбук.