Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека започнала отворената седница на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва се одржува во Куманово.
-👉Започнува отворената седница на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва се одржува во Куманово.
Одличен одѕив со присуство на здравствени работници од Општата болница, Здравствениот дом и Центарот за јавно здравје во Куманово, како и здравствени работници од околните места.
👉Недомаќинското работење во ЈЗУ во Куманово е пресликано во сите други градови во државата.
Потенцирани се следните проблеми
❗️❗️Недостаток на здравствен кадар на сметка на ненаменско вработување на административен кадар
❗️Болницата е постојано со блокирана сметка
❗️Лоша инфраструктура на болничките оддели
❗️ На хирургија амбулантските простории за хронични прегледи се одземени, а сите амбулантски прегледи на хирургија и ортопедија се сместени во еден мал објект во несоодветни просторни услови
❗️Нема воведување нови здравствени услуги и тераписки процедури
❗️Недостасуваат основни средства за работа како: локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури и тн. кои пациентите се принудени да ги купуваат приватно
❗️Заради неодржување во повеќе оддели има протекување на кровната конструкција при обилни дождови
❗️Целосна маргинализација на ЈЗУ во Куманово што е регионален здравствен центар кој ги сервисира со секундарна здравствена заштита oпштините Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричине
👉Ваквата слика и неодговорност во ЈЗУ во Куманово е пресликано во сите други градови и затоа неопходен е рестарт на здравствениот систем.
Заедно со здравствените работници и пациентските здруженија на ваквите отворени средби ќе предложиме решенија и проекти кои ќе бидат преточени во изборната програма и ќе значат унапредување на здравствениот систем, стои во нивниот пост на Фејсбук.