Во Собранието денеска започна седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на која на дневен ред е утврдување на предлози за избор на членови на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија.
Пријавени за членови на Советот на јавните обвинители се Светлана Жупаноска, судски соработник во Основниот граѓански суд Скопје, Кети Петкова адвокат од Гевгелија која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, како и Митко Митревски, генерален секретар на Јавното обвинителство.
Отворена е расправа за првата кандидатка Светлана Жупаноска.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не дава своја поддршка, а пратениците од оваа партија најавуваат долги дебати и говори исто како претходно за предлозите за уставни судии.