Комората на извршители денеска на прес-конференцијата ќе информира за одлуката на Управниот одбор на КИРСМ за организирање „Отворени денови со граѓаните”.
Овие активности, ккао што велат од Комората, ќе се одржуваат во различни градови во државата на тема „Извршувањето во РСМ и проблемите кои ги имаат граѓаните во текот на постапката”.
Целта е граѓаните да земат што поголемо учество во „Отворените денови’’ заради давање правна помош од страна на извршителите и укажување со кои правни средства законски можат да си ги остварат своите права во извршувањето.