среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Компании за кои малку знаеме, а имаат големи проекти- Алфа инженеринг, сопственoст на Ацо Ристов

Компании за кои малку знаеме, а имаат големи проекти- Алфа инженеринг, сопственoст на Ацо Ристов

Примери за успешни македонски компании има многу и токму врз овие компании се потпира македонското стопанство. Лоцирани во внатрешноста на земјата, или во помалите градови, надвор од деловниот и административниот центар Скопје, овие компании најчесто се под радарот на јавноста и малку е познато за нивното учество и придонес во економската одржливост, пред сè на помалите градови и средини каде што се лоцирани.

Радовишката Алфа инженеринг е една од овие компании, постои нешто повеќе од дваесет години и врз напредна иновативност спроведува одржливи проекти насекаде во земјава и во неколку различни области, пренесува МКД.мк.

Започнува како специјализирана компанија за високотехнолошки системи, со примена на нови технологии, машински инженеринг, автоматизација, системи за управување со водоснабдување. Алфа инженеринг била одговорна за целосното управување и спроведување на водата, од извор до краен потрошувач, проектирање и поставување инсталации за разни потреби, индустриски, земјоделски и урбани.

Освен во овој сектор, годините понатаму Алфа инженеринг дејноста ја проширува на индустриски инженеринг, во градежниот сектор (станбен) а и во енергетика односно обновливи извори. И во овој дел иновативноста на Алфа инженеринг ги направи пионери во земјата во енергија од фотоволтаици, така што е првата компанија што инсталирала фотоволтаици. Исто така, еднакво иновативно и стандардизирано работи со мали хидроцентрали, од проектирање до изведба, трафостаници, далноводи.

Иако можностите за пристап до работа и проекти би биле многу поголеми ако компанијата била лоцирана во Скопје, за одлуката компанијата да остане и да работи во Радовиш, сопствениот Ацо Ристов вели „знаејќи дека ќе се соочиме со потешкотии, сепак желбата и волјата да се помогне на градот и на сограѓаните на начин што ќе се создаде и изгради нешто вредно, одржливо и што има потенцијал да расте, беше поголема од сите пречки. Создавањето работни места и отворањето простор за стопански развој, вредеше за целиот труд што го вложивме во компанијата од првиот ден до денес, а со истото темпо ќе продолжиме и понатаму. Од некаде мора да се почне, ние почнавме од Радовиш и тука ќе продолжиме да работиме”, вели Ристов, дипломиран електро-инженер, експерт во областа на енергетиката и електро инженерството и сопственик на Алфа инженеринг.

Денес Алфа инженеринг поседува недвижен капитал во вредност од 5 милиони евра, според пријавена добивка пред оданочување е рангирана на 113-то место во 200-те најголеми и најуспешни компании во Македонија и на 34-то во брзо растечки компании. Многу поголема е вредноста на компанијата заради нејзиниот придонес врз кревката локална економија и социјалниот статус на граѓаните, со ангажирање стотици вработени, но и преку соработка како подизведувачи со многу помали локални компании.

И на еден и на друг начин, Алфа инженеринг е значаен фактор за Радовиш затоа што ја менува сликата на градот, создава можности за младите да останат во градот и со својата работа придонесува за подобро општество преку имплементација на одржливи и иновативни проекти, пренесува порталот.

Најнови вести