недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Компјутер за секое дете“ замина во историјата, Владата со нов проект- „Таблет за секој функционер“

„Компјутер за секое дете“ замина во историјата, Владата со нов проект- „Таблет за секој функционер“

Владата на Република Македонија ќе набави таблети во вредност од 20 илјади евра.

На страната на бирото за јавни набавки објавен е оглас на кои како договорен орган стои Влада на РМ – Генерален секретаријат, а чив предмет на договор е набавка на таблети за потребите на Владата, а за истата набавка планирано е да се потрошат 1.230.000 денари.

Во тендерската документација е наведено дека ќе се набават 200 таблети.

Но за разлика од владините функционери кои ќе се подноват со нови таблети, актуелната владејачка гарнитура го укина проектот „Компјутер за секое дете“, проект со кој се обезбедуваше информатичка опрема во училиштата.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми неодамна најави дека нема да се продолжи проектот, а во буџетот за оваа година не се предвидени пари за компјутерски уреди за учениците.

– Не велам дека е лоша идејата за компјутери во училиштата, но треба да се има предвид дека со минатиот проект, имаше потфрлања при реализацијата. Потребни ни се консултации од експерти пред да воведеме повторно вакво нешто во образовниот систем. Во насока на дигитализација на наставата, заедно со Министерството за онформатичко општество, работиме на проект за мрежно поврзување на училиштата, да имаат подобра поврзаност, но пари за нови компјутери нема – рече Адеми.

Најнови вести