Заврши истрагата за смртта на 53 годишната Елка Масин, позната лекарка од Клиниката за нефрологија и професорка од Медицинскиот факултет која лани на 9 мај беше пронајдена мртва во незиниот дом со убодни рани по телото.
Смртта на лекарката Јелка Масин настанала од самопровредување, односно таа сама си го одземала животот, потврдиле за Нова ТВ од Основното јавно обвинителство.
Истрагата покажала дека врз телото на лекарката која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопската населба Капиштец, нема други траги од физичко насилство, ниту од борба. Со тоа истрагата е завршена, а ОЈО смета дека нема место за јавно обвинителска интервенција во поглед на смртта на починатата лекарка од Клиниката за нефрологија.
„Утврдено е дека сега починатата сама се лишила од живот, односно дека раните настанале од само повредување. По извршените анализи е утврдено дека нејзиниот сопруг не бил присутен во моментот кога настапила смртта кај сега починатата“, се вели во одговорот од ОЈО.