Национална конференција на тема „Подигнување на свеста за работата на ЕФСА и за можностите за соработка во процесот на проценка на ризик”, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство, а со поддршка на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).
На конференцијата ќе учествуваат претставници на ЕФСА, како и националните фокални точки за ЕФСА од четири земји-членки на ЕУ, а своето присуство го потврдиле и речиси 80 учесници од домашните релевантни надлежни служби, научни и високо образовни институции.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека на конференцијата ќе стане збор за можностите и предизвиците во проценката на ризик од аспект на ЕФСА, достапни платформи за истражувачи, инволвираност на институциите од земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови во активностите кои се опфатени со работата и делувањето на ЕФСА, досегашна и понатамошна соработка меѓу ЕФСА и земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и за можностите за воспоставување научни и истражувачки мрежи меѓу земјите кориснички на претпристапни ЕУ фондови и земјите-членки на Европската унија. (МИА)